Седум медиумски организации од Западен Балкан ги здружија силите во рамки на проектот „Медиуми за граѓаните - граѓаните за медиумите", со цел да ги зајакнат капацитети на граѓанските организации во насока на унапредување на медиумската и информативната писменост (МИП) во регионот.
Проектот (2018-2021), кој е поддржан од Европската Унија, се стреми да придонесе за зајакнато и енергично граѓанско општество посветено на унапредување на политиките и практиките за медиумска и информациска писменост во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.
Проектните активности вклучуваат:
- Истражувања кои треба да ја мапираат состојбата со политиките и практиките за медиумска писменост во земјите од регионот.
- Формирање на Коалиции за медиумска и информациска писменост во секоја земја, во форма на меѓусекторски работни групи кои ќе подготвуваат и спроведуваат планови и кампањи за застапување на политики за МИП.
- Организирање на еднодневна конференција во Нови Сад (MIL Regional Screenshot), која ќе овозможи размена на искуства и идеи за унапредување на МИП помеѓу експерти, активисти, практичари и други релевантни чинители од регионот.
- Летен фестивал за МИП во Охрид, на кој околу 150 учесници ќе имаат можност да учествуваат на едукативни работилници, експертски панели и сесии за вмрежување, под водство на реномирани експерти за креативни дигитални решенија и изучување на МИП од регионот и ЕУ.
- Обука на 50 идни тренери од регионот кои ќе спроведуваат тренинзи за претставници на граѓански организации за унапредување на МИП.
- Поддршка на 40 иницијативи за МИП кои ќе ги спроведуваат граѓански организации од регионот со цел да се подигне свеста за значењето на медиумската писменост.
- Онлајн кампањи со цел да се истакнат ставовите и перцепциите на новинарите, наставните, учениците, родители и генералната јавност во однос на МИП.
- „Новинарство за граѓаните“ ќе овозможи реномирани новинари да гостуваат во средните училишта со цел да го приближат концептот на МИП поблиску до учениците, со посебен фокус на слободата на медиумите и критичкото разбирање на медиумските содржини.
Активностите од проектот „Медиуми за граѓаните, граѓаните за медиумите“ може да ги следите на следните интернет канали:
www.cimusee.org
https://www.facebook.com/CIMUSEE/
@CIMU_SEE
www.seenpm.org
https://www.facebook.com/seenpm.org/
@SEENPM_org
Регионалната програма „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развој на МИП во земјите од Западен Балкан", се спроведува со поддршка на Европската Унија од страна на партнерските организации: Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Македонскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Мрежата за професионализација на медиумите во ЈИЕ.