Повик за доделување грантови: Медиумска и информациска писменост за граѓански организации во Македонија

Македонскиот институт за медиуми објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) со цел градење на нивните капацитети за промовирање на политиките и практиките поврзани со медиумската и информациската писменост на локално ниво во Македонија.

Овој повик за доделување грантови се спроведува во рамки на регионалниот проект Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите, поддржан од Европската Унија, а имплементиран во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.

Повикот е отворен за сите ГО во Македонија кои работат во областа на медиумите, едукацијата, застапувањето, јавните кампањи, продукција на уметнички програми или развој на иновативни дигитални проекти.

Ќе бидат поддржани 2 типа проекти:

  • Група 1: Проекти насочени кон подобрување на вештините за медиумска и информациска писменост на граѓаните
  • Група 2: Креативни иновации – Проекти од областа на уметноста, медиумите и технологијата, кои промовираат иновации и пристапност до едукација за медиумска и информациска писменост.

Вкупниот буџет за овој повик за доделување грантови изнесува 20,000 евра, од кои 10,000 евра за секоја група. Индивидуалните буџети за предлог-проектите може да изнесуваат помеѓу 3,000 – 5,000 евра.

Времетраењето на проектите може да биде од 6 до 12 месеци. Активностите може да започнат на денот на потпишување на договорот за грант, а треба да завршат најдоцна до крајот на мај 2020 година.

Документи за аплицирање:
Упатство за апликанти
Формулар за аплицирање
Буџет
Изјава на апликантот
Овластување од ко-апликант

Следните документи се од информативен карактер и не треба да се приложат кон апликацијата: нацрт-договор за регрантирање, периодичен извештај, финален извештај.

Доколку имате прашања поврзани со апликацијата за овој повик, може да ги испратите на: grantovi@mim.org.mk

ПРАШАЊА и ОДГОВОРИ

Презентација од инфо-сесијата.

Крајниот рок за поднесување предлог-проекти е 28.02.2019.

Информативната сесија за овој повик ќе се одржи на 08.02.2019 во 11:00 часот во просториите на ЕУ ИнфоЦентарот во Скопје.