Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание

Се чита за 0 мин.

Здруженијата на граѓани имаат мошне значајна улога и претставуваат влијателни актери во создавањето свесност за широк спектар прашања поврзани со општествениот развој. Во спроведувањето на своите активности, тие им се обраќаат на различни целни групи, обидувајќи се, истовремено, да ја одржат својата видливост, транспарентност, одговорност и, што е најважно, развој во поширокиот општествен контекст. Од нив, пред сè, се очекува да дејствуваат на начин што подразбира следење на јавниот интерес, а во тој процес од големо значење е планираното стратегиско комуницирање.

Во таа насока, МИМ го подготви Прирачникот „Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание“, кој се фокусира на потребата и на значењето на планирање на комуникацијата во работата на граѓанските организации, што подразбира и соодветно утврдување на целните групи, пораките што ќе се упатат кон нив, како и примена на соодветните алатки и техники на комуницирање.

Прирачникот е создаден на начин што нуди практично знаење и алатки кои се, пред сè, насочени кон тоа организациите полесно и поефикасно да ја „кажат својата приказна“ и да подготват план за комуникација со јавноста.

Публикацијата е продуцирана во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Прирачникот во електронска верзија е достапен во прилог.

 pdfПРИРАЧНИК: Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор1.75 MB