За Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, ова партнерство сосема одговара на нејзината цел на унапредување на вештините на новинарите и на професионалците за односи со јавноста, за подигање на нивото на професионални стандарди на ова поле и за поддржување на најсовремената и релевантната едукација на новинарите. Едукативниот приод на Високата школа го претпочита моделот „практикант како професор”, со што се гарантира дека вештините што се стекнуваат во програмата веднаш може да се применат на пазарот.