Конкурс за новинари за учество во проектот “Ромите во јавноста”

Се чита за 2 мин.

Images

Македонскиот институт за медиуми,  во соработка со Transitions, Ромскиот информативен центар, Mедиа центар - Сараево и Школата за новинарство - Нови Сад, објавува повик за пријавување на 6 новинари од Македонија за учество во проектот “Ромите во јавноста”. Цел на Проектот, кој е кофинансиран од Европската унија, е унапредување на медиумското покривање на ромските заедници во овие земји. 
По шестмина новинари од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, од кои половината ќе бидат од Роми, а другата половина од мнозинските и од другите заедници во овие земји, ќе учествуваат во серија активности во период од осумнаесет месеци. Во рамките на активностите, меѓу другото, Проектот ќе создаде регионален веб-портал посветен на ромските прашања, како и радио програма за Ромите во Босна. Организаторите ќе ги сносат сите трошоци за учество во проектот и ќе обезбедат аудио-визуелна опрема за негова реализација. За сите објавени дела во рамките на проектот учесниците ќе добијат авторски хонорар.
Ги повикуваме новинарите од ромската и од другите заедници да се пријават за учество во овој проект до 2 мај 2011. Со пријавата е задолжително приложување на куса биографија и мотивациско писмо.
Повеќе информации за проектот и начинот на пријавување можете да добиете преку контактите и целосната објава на конкурсот кои следат подолу.
 
 
Повик за новинари за учество во проектот:
Ромите во јавноста
 
Transitions,  во соработка со Македонскиот институт за медиуми, Ромскиот информативен центар, Mедиа центар - Сараево и Школата за новинарство - Нови Сад, објавува повик за пријавување на новинари од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина за учество во проектот Ромите во јавноста. Цел на Проектот, кој е кофинансиран од Европската унија, е унапредување на медиумското покривање на ромските заедници во овие земји. По шестмина новинари од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, од кои половината ќе бидат од Роми, а другата половина од мнозинските и од другите заедници во овие земји, ќе учествуваат во серија активности во период од осумнаесет месеци. Во рамките на активностите, меѓу другото, Проектот ќе создаде регионален веб-портал посветен на ромските прашања, како и радио програма за Ромите во Босна.
 
Помеѓу 27 мај и 3 јуни 2011, новинарите ќе присуствуваат во Сараево на интензивна обука за користење на мултимедијални технологии во известувањето за маргинализираните групи. Во практичниот дел од обуката во текот на јуни, јули и август 2011, новинарите, во тимови составени од два члена, ќе работат заедно со обучувачите на одредени теми поврзани со животот на ромските заедници во нивните земји. Резултатите од оваа работа, со помош на обучувачите, ќе бидат обликувани во мултимедијални прилози, кои ќе бидат објавени во целост на горенаведениот портал, а делови од овие содржини ќе се објават и во други медиуми во регионот. Курсот ќе го води Дин ЦК Кокс (Dean CK Cox), реномиран меѓународен тренер од оваа област. По обуката, новинарите ќе имаат серија можности, преку користење на опремата на проектот и со поддршка од обучувачите, да ги применат во пракса стекнатите знаења, изработувајќи извештаи за Ромите и останатите маргинализирани заедници за регионалниот портал и радио програмата.
Организаторите ќе ги сносат сите трошоци за учество во проектот и ќе обезбедат аудио-визуелна опрема за негова реализација. За сите објавени дела во рамките на проектот учесниците ќе добијат авторски хонорар.
 
Ги повикуваме новинарите од ромската и од другите заедници да се пријават за учество во овој проект до 2 мај 2011. Со пријавата е задолжително приложување на куса биографија и мотивациско писмо.
 
 
За подетални информации:
 
Петрит Сарачини,
Раководител на програми,
Македонски институт за медиуми
е-пошта: saracini@mim.org.mk
тел: (0)2 30 90 004 моб: 070 349 906
 
Проектот е кофинансиран од Европската унија во рамките на ИПА 2009 – Инструмент за граѓанско општество – Регионални програми