Користење и разбирање на извештаите на Државниот завод за ревизија на Р. Македонија

Се чита за 0 мин.

Report

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со Државниот завод за ревизија на Р.Македонија (ДЗР) на 25 февруари (петок), во Штип (хотел Оаза) од 11:00 часот организира тркалезна маса, посветена на управувањето со јавните средства и користењето и разбирањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. 
Целта на настанот е да се придонесе во насока на зајакнување на комуникацијата на ДЗР со институциите на централно и на локално ниво, со новинарите и со медиумите, што ќе помогне за подобро информирање на граѓаните за резултатите од извештаите што ги изготвува Заводот. 
Поканети се претставници од субјектите кои биле предмет на ревизија од страна на ДЗР од источниот регион и претставници од локалните медиуми. Во име на ДЗР, свое обраќање ќе има Главниот државен ревизор, г-ѓа Тања Таневска, како и претставници од стручните служби во Заводот. Настанот се организира со поддршка од страна на Британската амбасада. 
 
За дополнителни информации: 
Ивона Василова
програмски асистент во МИМ
тел. +389 2 30 90 004
е-пошта: ivonae@mim.org.mk