30 средношколци ја креираат првата средношколска веб платформа

Се чита за 0 мин.

Multi1

Во рамки на проектот „Мулти виа медиа“, во Охрид, започна петдневна работилница на која 30 средношколци од Македонија ќе ја креираат првата средношколска повеќејазична веб платформа www.multiviamedia.edu.mk.
Средношколците од различни етнички заедници за време на работилницата ќе ги изработат своите први мултимедијални производи на својот јазик, со што ќе помогнат да се подобри меѓуетничката комуникација меѓу младите луѓе. 
По работилницата, како дел од проектот, сите средношколци од Македонија ќе можат да пристапат на веб страницата и да ставаат свои мултимедијални продукти. 
Овој проект го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија.