Комуницирањето е многу важно за граѓанските организации што се обидуваат да постигнат промени во општеството или во дел од него. Нивните пораки се насочени кон јавноста за да се оствари јавниот интерес. Погледнете неколку мали трикови за стратегиско комуницирање и неговите клучни елементи.
Доколку сакате да научите како да ги дефинирате комуникациските цели на вашата организација, како да ја определите целната публика и да ги формулирате вистинските пораки, тогаш e вистинско време да го разгледате прирачникот „Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание“: https://mim.org.mk/mk/publikacii/1198
Видеото е поддржано преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Содржините во видеото се единствена одговорност на МИМ, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.