Заврши времето кога граѓанските организации зависеа од традиционалните медиуми и се натпреваруваа за внимание со високата политика, криминалот, реалните шоуа и со сензационализмот. Сега повторно мора да се натпреваруваат со сето тоа, но барем можат самите да си изработат медиумски содржини и да се обидат што повеќе да ги прошират.
Доколку сакате да бидете „сам свој мајстор“ во светот на медиумите и да се запознаете со основните вештини за подготовка на мултимедијални содржини, тогаш задолжително прочитајте го прирачникот „Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание“:https://mim.org.mk/mk/publikacii/1198
Видеото е поддржано преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Содржините во видеото се единствена одговорност на МИМ, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.