Анализа: Програмска разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија

Се чита за 0 мин.

За разлика од Македонија, на хрватските Нова ТВ и РТЛ доминираат забавните, реалити емисиите, како и информативните изданија, кои се и меѓу 10-те најгледани емисии генерално, но и поединечно по телевизиски канали. И на овие два ТВ -канала се прикажуваат турски серии, но тие не доминираат ниту по квантитет ниту во ударното време, каков што е случајот во Македонија. Програмската понуда на Нова ТВ и на РТЛ е богата со многу светски ТВ -серии и филмови, што го овозможуваат финансиски моќните медиумски конгломерати што стојат зад нив и можат да обезбедат богат каталог на светска продукција.

Затоа, пак, во Словенија турските серии сосема отсуствуваат од листите на најгледани емисии, а најпопуларни се забавните емисии, информативните програми и домашната продукција. Емисиите од домашна продукција доминираат на најгледаните ТВ -канали. Тие највисоко котираат и на листата на десет најгледани емисии и поединечно по телевизии.

Ова се дел од заклучоците од Анализата на програмската разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија.

Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.

pdfПрограмска разновидност на највлијателните ТВ11.24 MB