Анализа: Политичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди

Се чита за 0 мин.

Kако во иднина да се спречи евентуално повторување на праксата на ексклузивна и привилегирана позиција на одредени политички центри на моќ, како и пропагандистичко претставување на одредени политички партии и идеолошки мислења преку медиумите, е еден од клучните проблеми вo медиумската сфера во Македонија. За време на избори, правичното, избалансирано и непристрасно известување претставува законска обврска на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните медиуми, но проблемот e изразен и хронично се провлекува, особено надвор од изборните периоди.

Правичното и разнолико известување, како и изразувањето на различни политички и идеолошки групи, вклучително и на гледиштата и интересите на малцинските групи преку медиумите, се некои од клучните професионални и етички стандарди кои може да придонесат кон постигнување на политичкиот плурализам во медиумите. Политичкиот плурализам, ги подразбира капацитетите и можностите на сите социјални сегменти, со нивните различни политички/идеолошки гледишта и интереси да ја адресираат, односно да стигнат до публиката преку медиумите, како и спектарот политички и идеолошки гледишта, мислења и интереси што се пренесени и презентирани во медиумите.

Публикацијата е достапна во прилог.

pdfПолитичкиот плурализам во медиумските содржини надвор од изборни периоди2.27 MB