Транспарентност, јавни набавки, вработување, унапредување, мобилност и систем на заслуги, се главните теми на Граѓанската стратегија за спречување судир на интереси во јавната администрација. Стратегијата, која заеднички ја подготвија 17 граѓански организации од земјава, претставува документ на патокази преку кој организациите можат да ја темелат својата идна работа и активности во спречувањето судир на интереси и подобрување на антикорупциските политики.
Истражувања
Недостиг на социјална и економска стабилност, непостоење колективни договори, изразена цензура и автоцензура во медиумите, се некои од предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници на нивните работни места во редакциите низ Македонија. Ситуацијата би се подобрила доколку новинарската работа е регулирана со договор и доколку е дефинирана минималната плата.
Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија.
Граѓанскиот сектор кој се занимава со прашањата поврзани со човековите права претставува богат ресурс за новинарите, за истражувачкото новинарство, но и за инклузивното новинарство, кое треба да се стреми да ги вклучи различностите на разновидни начини - во рамките на секој новинарски производ и во секојдневното функционирање на медиумот. Граѓанските организации и медиумите се упатени на меѓусебна соработка за да може полесно да се идентификуваат и обелоденат случаите на прекршување на човековите права, да се подигне јавната свест за овие прашања, и да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор.
Македонскиот институт за медиуми денес ги достави забелешките кон Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги до надлежното Министерство за информатичко општество и администрација.
Забелешките, како и предлозите за измени на текстот на законот можете да ги погледнете во документот кој што е прикачен во прилог.
Во прилог на дискусијата во врска со измените на Изборниот законик, ЗНМ, ССНМ и МИМ до Собранието на Р.Македонија доставија забелешки и предлози за измени и дополнувања на деловите од законот кои се однесуваат на медиумите.
Во дописот потсетуваме и укажуваме на следните три проблематични делови од постоечкиот Изборен законик, кои медиумската заедница ги оцени како спорни при изработката на Акцискиот план за подобрување на медиумската состојба, документ што беше јавно претставен и доставен до сите релевантни актери во март 2012 година:
Анализата „Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО“ која во текот на 2011 година ја подготви група автори ангажирани од МИМ, се фокусира на пет главни категории на медиумски развој што се составен дел од секој медиумски систем и што го рефлектираат неговото ниво на развој: 1) Регулаторниот систем како предуслов за ефикасно остварување на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста на медиумите; 2) Плурализам и разновидност на медиумите, пазарот и економското опкружување и транспарентност на сопственоста; 3) Медиумите како платформа за демократска дебата; 4) Професионален капацитет на институциите кои се основа на слободата на изразувањето, плурализмот и разновидноста и 5) Инфраструктура за поддршка на независните и плуралистички медиуми.
Анализата, подготвена според Индикаторите за медиумски развој на УНЕСКО, по својот опсег и содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумската сфера во државава.
Овој документ е резултат на заедничкиот проект што се спроведува со универзитетите од Загреб и од Белград, со кои се работи и на компаративна анализа за медиумските системи на трите држави, која се очекува да биде објавена во текот на април 2012 година.Анализата е достапна ТУКА.
По вклучувањето на забелешките на учесниците од последната конференција посветена на состојбите во медиумската сфера која се одржа на крајот на минатата година, МИМ и ЗНМ денеска ја објавија последната верзија на Акцискиот план на ЗНМ и МИМ за подобрување на состојбите со медиумите во Република Македонија. Во придружното писмо, испратено заедно со Акцискиот план и пропратните документи до сите редакции, надлежни институции и други учесници во иницијативата и нејзините настани, истакнати се следните клучни поенти и информации, кои го објаснуваат текот и суштината на целиот процес: