Истражувања

Analiza Mrtv

Компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија

Неопходно е да се отвори јавна дискусија за темелна реформа на сите аспекти на функционирањето на јавниот сервис Македонска радио-телевизија и за натамошниот развој на Куќата, со цел таа да стане современ европски јавен сервис. Изборот на членови на Програмскиот совет на јавниот сервис треба да се спроведува преку јавен конкурс со цел да се намалат директните политички влијанија, а сите засегнати страни треба да ги разгледаат можностите за евентуално зголемување на бројот на членови на ова тело со цел тоа посоодветно да ги претставува различните сегменти и интереси во македонското општество, потоа за директен влез на членови, за ревидирање на забраната за учество на вработени од јавниот сервис, како и за воведување на т.н. скалест мандат на членовите. МРТ треба да ја унапреди транспарентноста за својата работа и да ги развива каналите и механизмите за комуникација со публиката. Ова се главните препораките од компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што ја подготви м-р Љиљана Митевска. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.
Се чита за 0 мин.
2KK 4864 Compressor

Анализа: Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот д-р Ненад Живановски. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.
Се чита за 0 мин.
2KK 9154 Compressor

Анализа: Сопственички и финансиски модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија

Меѓународните корпорациски компании, како ЦМЕ и РТЛ, кои се добро етаблирани на медиумскиот пазар во Хрватска и во Словенија, им овозможуваат стабилна позиција и финансирање на националните комерцијалните ТВ-канали во нивна сопственост, што се одразува и на поголемата независност на нивните уредувачки политики. За разлика од нив, во Македонија како сопственици на националните комерцијални ТВ-канали се појавуваат исклучиво домашни правни и физички лица. Ниту една од компаниите кои се сопственици на комерцијалните терестријални ТВ-канали на национално ниво не е регистрирана дека се занимава со медиумскиот бизнис како со основна дејност, а дополнителен проблем е што некои од сопствениците немаат доволно разбирање за општествената одговорност што медиумот ја има врз формирањето на јавното мислење. Сопственоста на медиумите во Македонија е формално чиста, но врските на сопствениците со политичките и со бизнис-центрите на моќ, не се и фактички раскинати. Засега, како што се поставени надлежностите на институциите, никој не може, а како што се покажува во практиката – не постои ниту волја да им се влезе во трага на скриените врски што медиумите во заднина ги одржуваат со политичките и со бизнис-центрите на моќ. Како резултат на тоа, политичките влијанија во некои мошне влијателни национални ТВ-канали, во истражуваниот период беа експлицитно присутни, до степен на нивна злоупотреба за ширење пропаганда. Ова се дел од заклучоците од Анализа на сопственичките и финансиските модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.
Се чита за 1 мин.
2KK 9154 Compressor

Анализа: Програмска разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија

За разлика од Македонија, на хрватските Нова ТВ и РТЛ доминираат забавните, реалити емисиите, како и информативните изданија, кои се и меѓу 10-те најгледани емисии генерално, но и поединечно по телевизиски канали. И на овие два ТВ -канала се прикажуваат турски серии, но тие не доминираат ниту по квантитет ниту во ударното време, каков што е случајот во Македонија. Програмската понуда на Нова ТВ и на РТЛ е богата со многу светски ТВ -серии и филмови, што го овозможуваат финансиски моќните медиумски конгломерати што стојат зад нив и можат да обезбедат богат каталог на светска продукција. Затоа, пак, во Словенија турските серии сосема отсуствуваат од листите на најгледани емисии, а најпопуларни се забавните емисии, информативните програми и домашната продукција. Емисиите од домашна продукција доминираат на најгледаните ТВ -канали. Тие највисоко котираат и на листата на десет најгледани емисии и поединечно по телевизии. Ова се дел од заклучоците од Анализата на програмската разновидност на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија. Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.
Се чита за 0 мин.
Med5

Модели за финансирање и управување со јавните сервиси во државите од Југоисточна Европа

Истражувачкиот тим на Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа подготви компаративен преглед на јавните сервиси од регионот, чија цел е да мапира добри практики во моделите за раководење и за финансирање, кои би им овозможиле на јавните сервиси да работат во јавен интерес и да дадат отпор на политичките влијанија. Регионалниот преглед ги опфати јавните сервиси на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија. Меѓу другото, во заклучоците од извештајот се наведува дека јавните радиодифузни сервиси во регионот се изложени на постојана криза и притисок. Во сите земји од регионот постои огромна потреба од реформирање или на моделот на финансирање или на моделот на управување, или на двата. Овој регионален преглед, исто така, ги потсетува јавните радиодифузни сервиси, владите и застапниците за медиумски реформи за постоењето и на алтернативни мерки за подобрување на нивната независност и на нивната функција. Извештајот од регионалниот преглед е достапен во продолжение:
Се чита за 0 мин.
Media Pic

Кон медиумска политика во служба на јавноста

Медиумската криза што имаше сериозно влијание врз земјите на Југоисточна Европа е всушност криза на новинарството и на демократијата. Дводецениската нетранспарентна и политички предводена приватизација, со мали медиумски пазари заплеткани во клиентелистички мрежи и со државни пари како главен директен или индиректен извор на приходи за поголемиот дел од медиумите, резултираше со уништување на јавниот комуникациски простор до таа мера што радикалните медиумски реформи станаа неодложен приоритет. Доколку медиумите не ја исполнуваат својата задача – заштита на јавниот интерес во процесот на комуникација со јавноста – и доколку тие не успеат во улогата на чувари на демократијата, тогаш демократијата не претставува владеење во интерес на сите, туку само во интерес на оние што можат да си го дозволат тоа. Корумпираните медиуми означуваат смртна казна за демократијата. Новинарството што не го заштитува јавниот интерес е најдеструктивната форма на приватизирање на слободата на изразување. Ова е само дел од Манифестот „Кон медиумска политика во служба на јавноста“ усвоен на завршната конференција на Медиумската опсерваторија на југоисточна Европа. Целосниот документ, заедно со барањата на медиумската заедница од регионот, е достапен во подолжение:
Се чита за 0 мин.
Anlysis

Истражување за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост на публиката

Извештајот од „Истражувањето за образовните потреби на новинарите и медиумската писменост на публиката во Македонија“ е достапен во прилог:
Се чита за 0 мин.
Topic Public Media

Анализа: Кој ќе плати за новинарството?

"Основниот аргумент за реформи на постојните медиумски политики се сведува на прашањето: „Како треба да се финансира новинарството што му служи на јавниот интерес? Беа развиени и во практиката веќе функционираат неколку нови модели, кои може да понудат одредени одговори.“
Се чита за 0 мин.
Pic Media Freedom

Анализа на позитивни примери на заштита на медиумскиот интегритет во ЈИЕ

Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа објави анализа на позитивни примери на медиумски политики, на институции што се борат против корупција, како и на медиуми и на новинарството во регионот.
Се чита за 0 мин.