4 граѓански организации ќе спроведуваат проекти за промовирање на политики и практики за унапредување на медиумска писменост

Македонскиот институт за медиуми, во изминатиот период како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“,  објави повик за доделување на грантови за граѓански организации и спроведе процедура за избор на најдобри предлог-проекти.

На повикот, кој беше отворен од 28 јануари до 28 февруари 2019, се пријавија вкупно 39 граѓански организации од земјава кои доставија преглог-проекти за 2-те групи на активности кои ќе бидат поддржани преку грант-програмата. Првата група се однесува на проекти насочени кон подобрување на вештините за медиумска и информациска писменост на граѓаните. Втората група се фокусира на проекти од областа на уметноста, медиумите и технологијата, кои промовираат иновации и пристапност до едукација за медиумска и информациска писменост.

По комплетирање на администратината проверка на апликациите, стрчна жири-комисија спроведе постапка за квалитативно оценување на предлог-проектите кои успешно ја минаа административната проверка. Врз основа на оценките од жири-комисијата, Управниот одбор на проектот донесе одлука да поддржи 4 предлог-проекти кои беа најдобро оценети.

Грѓанските организации и предлог-проектите кои ќе бидат поддржани преку оваа грант-програма може да ги погледнете во прилог.