Финансиската „поддршка“ на медиумите со буџетски средства им е добро познат модел на сите власти во Македонија во изминативе години. Резултатите од неговата експлицитна злоупотреба се особено видливи на медиумскиот пазар во последниве години.
Истражувања
Филмските и документарните програми од домашно производство се вистинска реткост на домашните телевизии, за разлика од евтините серии кои моментално доминираат на ТВ екраните. Комерцијалните ТВ станици и јавниот радиодифузен сервис МРТ од 2014 година имаат законска обврска да произведуваат и емитуваат домашна филмска и документарна програма, за која Владата обезбедува финансиска поддршка во висина од 50 отсто од вкупните трошоци за продукција.
Независноста на регулаторното тело претставува едно од најспорните прашања во областа на медиумската политика во изминатите две децении. И покрај тоа што новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (2013) дополнително ги зајакнува основите за зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето на регулаторот, во праксата има случаи кога правилата не се почитуваат.
Транспарентност, јавни набавки, вработување, унапредување, мобилност и систем на заслуги, се главните теми на Граѓанската стратегија за спречување судир на интереси во јавната администрација. Стратегијата, која заеднички ја подготвија 17 граѓански организации од земјава, претставува документ на патокази преку кој организациите можат да ја темелат својата идна работа и активности во спречувањето судир на интереси и подобрување на антикорупциските политики.
Недостиг на социјална и економска стабилност, непостоење колективни договори, изразена цензура и автоцензура во медиумите, се некои од предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници на нивните работни места во редакциите низ Македонија. Ситуацијата би се подобрила доколку новинарската работа е регулирана со договор и доколку е дефинирана минималната плата.
Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска со цел да се посочат пречките во демократскиот развој на медиумските системи во земјите од Југоисточна Европа преку мапирање шеми на коруптивни односи и практики во развојот на медиумските политики, сопственоста на медиумите и финансирањето, функционирањето на јавниот сервис и на новинарството како професија.
Граѓанскиот сектор кој се занимава со прашањата поврзани со човековите права претставува богат ресурс за новинарите, за истражувачкото новинарство, но и за инклузивното новинарство, кое треба да се стреми да ги вклучи различностите на разновидни начини - во рамките на секој новинарски производ и во секојдневното функционирање на медиумот. Граѓанските организации и медиумите се упатени на меѓусебна соработка за да може полесно да се идентификуваат и обелоденат случаите на прекршување на човековите права, да се подигне јавната свест за овие прашања, и да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор.
Македонскиот институт за медиуми денес ги достави забелешките кон Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги до надлежното Министерство за информатичко општество и администрација.
Забелешките, како и предлозите за измени на текстот на законот можете да ги погледнете во документот кој што е прикачен во прилог.
Во прилог на дискусијата во врска со измените на Изборниот законик, ЗНМ, ССНМ и МИМ до Собранието на Р.Македонија доставија забелешки и предлози за измени и дополнувања на деловите од законот кои се однесуваат на медиумите.
Во дописот потсетуваме и укажуваме на следните три проблематични делови од постоечкиот Изборен законик, кои медиумската заедница ги оцени како спорни при изработката на Акцискиот план за подобрување на медиумската состојба, документ што беше јавно претставен и доставен до сите релевантни актери во март 2012 година: