Новости

Dscn3270

Одржана дебатата за медиумите и изборната регулатива

Како регулативата за покривање на изборните активности се одразува на работата на медиумите беше главна тема на која дискутираа претставници на медиумите, Државната изборна комисија, Советот за радиодифузија, политичките партии и меѓународните организации на дебатата која се одржа во организација на МИМ и на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на 10 февруари 2009. Најголемиот дел од дискутантите како проблематични ги истакнаа нејаснотиите во Изборниот законик во делот кој се однесува на периодот од распишувањето на изборите до официјалниот почеток на кампањата, како и насоките донесени од СРД со кои се регулираат формите на медиумското претставување во период пред почеток на изборната кампања. Претставници од медиумите укажаа на опасноста од ограничување на слободата на медиумите, но и на наводна некоординираност меѓу државните институции задолжени за спроведување на изборната регулатива во однос на медиумите.   На дебатата беше заклучено дека главниот проблем за оваа ситуација лежи во нејаснотиите и недореченостите во Изборниот законик, поради што беше препорачано, по завршувањето на изборите, да се пристапи кон негова промена преку отворање јавна дебата меѓу сите релевантни фактори.   Воведничари на дебатата беа професор Весна Шопар, Бедредин Ибраими од ДИК, Фарук Омерагиќ од СРД, Роберт Поповски од ЗНМ и Младен Чадиковски од ТВ А1.                                    
Pb300055

Дебата за медиумите и изборите

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организираат дебата посветена на медиумите и регулативата за следење на изборните активности. Дебатата ќе се одржи на 10 февруари 2009 (вторник) во хотелот “Холидеј ин” во Скопје, од 10 до 12:30 часот. Цел на овој настан е да иницира дијалог помеѓу сите релевантни фактори во општеството во насока на соодветно разбирање и примена на изборната регулатива за работата на средствата за јавно информирање во периодот пред и за време на кампањата за претстојните избори.