Новости

E.parliament

Европскиот парламент со поддршка за Белата книга на МИМ

Иницијативата на Македонскиот институт за медиуми за продуцирање на Белата книга за подобрување на релациите меѓу граѓанското општество и медиумите беше истакната и поддржана во Резолуцијата за Извештајот за напредокот на Македонија за 2013 година, која Европскиот парламент ја усвои деновиве.
IS2013 Vesnic

Конкурс за наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2013 година

Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2013 година. Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2013 година, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријават добра истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или од други редакции.
Partneri.logoa2 1

Партнерство за развој на медиумите на Југоисточна Европа

Осум медиумски организации, членки на Мрежата за професионализација на медиумите на Југоисточна Европа започнаа со спроведување на проектот „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите“, чија цел е поддршка на развојот на независни и отчетни медиуми во земјите од Западен Балкан.
Med.ob

Повик до граѓанските организации за поднесување проекти за поддршка на медиумскиот интегритет

Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа објавува повик до граѓанските организации за поднесување предлог-проекти што ќе бидат фокусирани на спроведување кампањи за подигнување на јавната свест и застапување, како и за организирање акции со цел поддршка на независни, плуралистички и одрживи медиуми во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија.
Medijski.dijalozi 1

Конкурс за најдобра книга од областа на медиумите во 2013

Меѓународното научно списание "Медијски дијалози" објави конкурс за наградата "Дијалогос 2013" за најдобра книга од областа на медиумите во 2013 година. Наградата се доделува на автор или група автори за најдобра книга во регионот која е посветена на истражувања на културата и теоријата на медиумите.
Mim

Изјава од МИМ во врска со најавеното усвојување на законите за медиуми

Изненадени сме од вчерашните изјави на Владата и на ЗНМ, и ја информираме медиумската заедница и јавноста дека за постигнатата согласност за усвојување на медиумските закони во итна постапка и во форма во која законите веќе се наоѓаат во собраниска процедура дознавме од медиумите. Вчудоневидени сме од најавата за дополнителни измени во законите, откако ќе бидат усвоени. Изјавите на вчерашната прес-конференција и искажаните ставови потоа се контрадикторни и создаваат дополнителна забуна.Ние остануваме на ставот дека законот за медиуми е непотребен и не ги решава клучните проблеми на медиумската заедница, туку напротив, има потенцијал да создаде нови. Загрижени сме за можноста ваквиот тек на настаните дополнително да ја влоши медиумската состојба и да создаде уште поголем раздор во медиумската заедница.
Samoreg.video

Зошто е важна медиумската саморегулација (Видео)

Со цел подобро запознавање на медиумите и на граѓаните со концептот на медиумската саморегулација и придобивките од формирањето на Советот за етика на медиумите на Македонија(СЕММ), МИМ и ЗНМ го подготвија следново видео.
Fullscreen Capture 29.11.2013 122211

Стипендиска програма за млади истражувачи во Прага, пријавување до 16 декември

Претставници на невладини организации, индивидуални истражувачи и новинари од Македонија, на возраст од 20 до 35 години, може да се пријават за тринеделната програма за млади истражувачи, во рамки на Вишеград-Балканскиот фонд за јавни политики. Програмата ќе се реализира од 5 до 25 јануари 2014г., во Прага, а крајниот рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 16 декември 2013 година. Трошоците за патување и престој за избраните учесниците ги обезбедуваат организаторите на програмата. Повикот за апликации заедно со формуларот за аплицирање и описот на програмата се прикачени во прилог. За повеќе информации можете да контактирате со Дениза Бундалевска, преку е-пошта: dbn@balkancsd.net , или на тел: + 389 (0)2 614 42 11.
Jean.m

Отворен конкурсот за наградата „Жан Моне“, пријавувањето трае до 15 ноември

Делегацијата на Европската Унија го објави конкурсот за наградата “Жан Моне“, посветена на најдобрите достигнувања во покривањето на теми поврзани со ЕУ и со процесот на пристапување кон ЕУ. Годинешната награда, која се организира по единаесетти пат, ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.