Македонскиот институт за медиуми смета дека повикот на Јавното обвинителство да не се објавуваат материјали кои што можат да станат предмет на кривична постапка во т.н. случај „Бомба“ претставува обид за воведување експлицитна цензура во медиумите и во јавноста и придонесува за дополнително нарушување на слободата на медиумите и изразувањето.
Новости
Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2014 година.
Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за назначување нов извршен директор. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.
На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржи годинешниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа, на тема “Медиумите во Југоисточна Европа - Недоволно или премногу информации”.
За време на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поврзани со пристапот до информациите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина.
Пет национални стратегии за застапување, што содржат активности за поттикнување реформи поврзани со слободата на медиумите, медиумската независност, плурализам и интегритет во ИПА-земјите, се резултатот од регионалната работилница за застапување која ја организираше МИМ во рамки на проектот Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа, на 31 март и 1 април.
Мрежата „Doc Next“ ги повикува креаторите на медиумски содржи, активистите и критичарите на општествените збиднувања да ги споделат своите ставови на видео конкурсот „Радикална демократија“.
Конкурсот е отворен за сите заинтересирани од цела Европа, кои може да пријават видео клипови во сите жанрови и визуелни форми, не подолги од 5 минути. Организаторите ги охрабруваат заинтересираните апликанти да снимат видео клипови специјално за овој конкурс, но, исто така може да се пријават и со видео материјали кои се снимени во последните 2 години.
Сторијата за комплицираните операции на катаракта во Градската болница, со кои им е оштетен видот на педесетина пациенти е првонаградена на конкурсот “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Серијата текстови на новинарката Ирена Мулачка се објавени во неделникот „Фокус“.
Утре (25 март), Македонскиот институт за медиуми ќе ја додели новинарската награда “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година. Доделувањето ќе се одржи во Клубот на новинарите, со почеток во 11:30 часот.
По повод двестегодишнината од донесувањето на норвешкиот Устав, амбасадата на Норвешка во Србија објавува повик за доделува грантови за поддршка на професионалното новинарство во Србија, Црна Гора и Македонија.