Новости

I.storija

Сторијата „Списоци“ на А1 ТВ е најдобрата истражувачка сторија во 2011

Новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска ја добија првата награда на конкурсот на МИМ “Најдобра истражувачка сторија за 2011година“ за сторијата “Списоци“, објавена на А1 ТВ.   Втората награда ја освои новинарот Максим Ристески за серијалот текстови во врска со аферата “Тарбс“, објавени во дневниот весник „Капитал“, а третата награда ја делат Александар Динев, новинар на ТВ Сител, за прилозите на тема “Посвојување“, и новинарката на “Дневник“, Милена Атанасоска Манасиева за серијалот написи “Досие продажба на докторати и магистерски“.
Is2011a

Доделување на новинарските награди „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Македонскиот институт за медиуми, на 30 март (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, ќе ги додели наградите за „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година". На годинешниот конкурс се пријавија 22 автори со вкупно 146 текстови и ТВ прилози кои беа објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година. Наградата се доделува традиционално веќе единаесет години како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. И оваа година организацијата на наградата е целосно финансирана од Македонскиот институт за медиуми. Медиумската промоција за наградата беше помогната од дневните весници Дневник и Коха.
Klik1

“Клик“ - фото конкурс на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле, пријавување до 11 април

Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле ги поканува сите заинтересирани фото ентузијасти од целиот свет да учествуваат на меѓународниот фото конкурс “Клик“.  Се аплицира со фотографии кои прикажуваат ситуации поврзани со културата и образованието, или фотографии од проекти, акции и кампањи, кои се однесуваат на образованието и културната различност. Највпечатливите фотографии ќе се искористат за креирање на онлајн фото атлас, како и во публикациите на Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле.
Is2011a

Конкурс за новинари “Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Истражувачкото новинарство е ударната сила на медиумите и на новинарите со која тие треба да ги штитат демократските процеси и јавниот интерес. Добрите истражувачки стории претставуваат врв во професионалните достигнувања на новинарите. Тие ја откриваат и користат вистината, со цел да го променат светот кон подобро и да поттикнат поодговорно однесување на институциите и на поединците кои се дел од нив. Како дел од постојаните заложби и напори за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјата, и оваа година, по единаесетти пат, Македонскиот институт за медиуми го објавува конкурсот за доделување на престижната новинарска награда: “НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА НА ГОДИНАТА” Ги покануваме сите професионални новинари и редакции во Македонија да се пријават со една или повеќе истражувачки стории што ги објавиле во текот на 2011 година. Критериумите за оценување на квалитетот на сториите се достапни овде.
Birn

Во тек е пријавувањето за Балканските стипендии за истакнато новинарство

Новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Србија и Косово, најдоцна до 5 март 2012 година, можат да се пријават на конкурсот за Балкански стипендии за истакнато новинарство, што ги доделува „Балканската истражувачка мрежа” (BIRN) во соработка со фондацијата Роберт Бош (Robert Bosch) и ERSTE Фондацијата. Тема на шестото издание на оваа стипендирана програма се заедниците. Заинтересираните кандидати ќе треба да ги истражуваат различните заедници - политички, економски, национални, родови, генерациски, како и, односите меѓу нив, надворешните влијанија и развојот на сосема нови групи и фракции во општеството. Сториите треба опфатат појави кои се релевантни, важни и оригинални, и кои се од значење не само за матичната земја туку и за најмалку уште една земја од регионот и од Европската унија.
Rbs Logo

Конкурс за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, пријавување до 4 март

Новинари од Балканот кои покриваат политички и економски прашања, најдоцна до 4 март 2012г, може да конкурираат за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, која ја спроведуваат фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс. Поттикнувањето на квалитетното аналитичко новинарство и на известувањето за економските прашања, покривањето теми кои се централни за регионалниот и политичкиот развој, како и охрабрување на регионалната соработка меѓу новинарите, претставува главна цел на оваа програма која е започната во 2007г.
Usa

До 21 февруари пријавување за Годишната програма за професионален развој во областа на новинарството и масовните комуникации во САД

Амбасадата на САД во Македонија го објави конкурсот за Годишната програма за професионален развој во областа на новинарството и масовните комуникации, која ќе се реализира во текот на учебната 2012 и 2013 година, во САД. Оваа програма, дизајнирана да придонесе во унапредувањето на професионализмот кај медиумите во Македонија, им овозможува на млади новинари и медиумски професионалци од земјава да ги подобрат своите вештини преку студирање и пракса на водечки универзитети во САД.
Dsc 4336 1

Дигитализацијата - и страв и непознаница за помалите медиуми

Нејаснотиите околу претстојниот процес на дигитализација, сиромашниот и презаситен медиумски пазар, недостатокот на финансии и на стручен кадар, се само дел од клучните проблеми со кои се соочуваат локалните медиуми во Македонија. Ова беше истакнато на вчерашната работна средба што се одржа во МИМ, а на која присуствуваа 15 сопственици и главни уредници од локални медиуми. Меѓу другото, на средбата уште еднаш беше нагласен проблемот со високиот надоместок од 4% од бруто годишниот приход што медиумите го плаќаат на Здружението за заштита на авторски музички права, како и  нетранспарентната распределба на овие средства од страна на ЗАМП.
Mavnas3

СООПШТЕНИЕ НА МИМ И ЗНМ ЗА РАБОТНАТА СРЕДБА ВО МАВРОВО

МЕДИУМСКАТА ЗАЕДНИЦА Е ПОДГОТВЕНА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ВОДСТВОТО ВО РЕШАВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕДИУМИТЕ Истакнати медиумски работници – новинари, уредници, сопственици и медиумски експерти, разговараа за проблемите во медиумската сфера во Македонија, на работната средба што се одржа од 27 до 29 октомври 2011 во Маврово, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Здружението на новинарите на Македонија, а со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Без оглед на меѓусебните разлики, по долго време новинарите заеднички ја реафирмираа својата подготвеност да се здружат  во решавање на состојбите во медиумите и да работат активно со сите релевантни институции и поединци за изнаоѓање на начини за надминување на состојбите.