Новости

Cover.nis2015

„Скопје 2014 под лупа“ најдобра истражувачка сторија за 2015

Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“.
Seenpm.org

СЕЕНПМ загрижена за состојбата со слободата на медиумите во Турција

Отворено писмо од Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) до претседателот и премиерот на Турција Почитуван претседател Ердоган и премиер Давутоглу, Загрижени сме поради тоа што вашата влада користи методи спротивни на едно демократско општество, со намера да изврши притисок врз медиумите и тие да се усогласат со владините политики.
DSC 7805

Регионални дебати за правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Заштита на авторските права за интернет-содржините, економската одржливост на онлајн-медиумите, почитувањето на етичките стандарди на интернет, диференцирањето на порталите кои работат согласно новинарскиот кодекс од оние кои ги нарушуваат професионалните принципи, се дел од темите кои беа дискутирани на регионалните дебати што ги организираше МИМ во Струмица, Тетово и Битола, во првата половина на декември.
Grimg Sfdc 001

Конкурс за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“

Новинари од Балканот може да се пријават за учество во програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“, што ја организираат Фондациите Роберт Бош и Томсон Ројтерс.
J.d1

Јавна дебата за правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Новинари, уредници, сопственици на онлајн медиуми, правници, медиумски експерти, претставници на државни институции, граѓански организации, како и на судската власта, учествуваа на јавната дебата посветена на правата и одговорностите при комуницирањето на интернет, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми. На дебатата се дискутираа повеќе теми поврзани со функционалноста на медиумскиот пазар во онлајн-сферата, политичките влијанија врз медиумите, примената и функционалноста на легислативата и улогата на саморегулаторните механизми.
Irex2 002

ИРЕКС: Конкурс за Програмата за лидери во медиумите во Македонија

Новинари и медиумски професионалци, најдоцна до 18 декември 2015, може да се пријават на конкурсот за Програмата за лидери во медиумите во Македонија, што ја спроведува ИРЕКС. Целта на Програмата е да помогне во зајакнување на медиумскиот сектор во Македонија преку професионален развој на новинарите и медиумските професионалци, развивање на нивните лидерски вештини и надградба на професионалните мрежи во медиумската сфера.
Seenpm1 001

Генерално собрание на СЕЕНПМ во Тирана

Кон крајот на октомври, во Тирана, се одржа годишнoто Генерално собрание на „Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа“ (СЕЕНПМ), на кое учествуваа претставници на 14 организации, членки на Мрежата. За време на состанокот учесниците дискутираа за минатогодишните активностите, како и за имплементацијата на стратешкиот план и финансирањето за периодот 2014 – 2016.
DSC 6960

Потребен е проактивен пристап на новинарската фела и институциите за ефикасно справување со говорот на омраза

Новинарите и поединците кои ги користат медиумите за ширење говор на омраза и дискриминација, треба законски да одговараат, а редакциите треба да ги поттикнуваат новинарите да се придржуваат до професионалното работење ослободено од говор на омраза. Притоа, саморегулацијата почесто треба да се користи како механизам за реагирање при случаи на говор на омраза во медиумите.
Seenpm 001

Конкурс за ангажирање стручно лице за комуникација и администрација во СЕЕНПМ

Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за ангажирање стручно лице задолжено за комуникација и администрација. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.